• e premte, 27 shtator 2024

Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена

Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена

Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) -  Либанските власти соопштија денеска дека повеќе од 31.000 луѓе пребегале во Сирија во текот на изминатите два дена, додека израелските ВВС гранатираат делови од таа држава.

Во текот на изминатите два дена, либанските власти „евидентираа преминување на 15.600 сириски државјани и 16.130 либански државјани на сириска територија“, се вели во соопштението на единицата за управување со кризи во таа држава. 
Во изминатите 72 часа регистрирани се над 250.000 внатрешно раселени лица,а околу 73.000 се во колективни засолништа. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR