• e premte, 27 shtator 2024

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Скопје, 26 септември 2024

Почитувани,

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност.

Според Извештајот на ДЗР за 2021 година, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од Владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се одговорност на раководните лица на одделните буџетски корисници.

На несоодветен начин, од овие програми во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра.

Власта на СДС и ДУИ исплатиле 23 милиони евра во 2021 година преку Генералниот секретаријат, по основи, по кои не можеле и не требале.

И додека за една година исплатиле 23 милиони евра на сомнителен начин, граѓаните собираа пари за лекување на деца по СМС пораки, немаше навреме учебници, ја покачија струјата, пожари се гасеа со возила стари 40 години.

Начинот на кој функционирал Генералниот секретаријат е начин на кој функционирала целата влада на СДС и ДУИ. Неодговорно и недомаќински.

Прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR