• e mërkurë, 25 shtator 2024

Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Куманово, 24 септември 2024 (МИА) - Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Во пожарот нема повредени лица.

- Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа. ам/цр


Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR