Европратеници повикаа на воздржување од политички закани и штетни активности по пресудата за Додик
- Се согласуваме со бројните јасни пораки упатени изминативе денови и недели од Делегацијата на ЕУ во БиХ, Канцеларијата на високиот претставник, Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот. Босна и Херцеговина е независна, суверена држава, чијшто територијален интегритет е неоспорен. Ги повикуваме сите актери во Босна и Херцеговина да покажат најголема воздржаност по денешната пресуда и да се воздржат од какви било политички закани и други потенцијално штетни активности, се наведува во изјавата.

You need to login to view this page