• e premte, 27 shtator 2024

До сабота сончево и топло, в недела дожд

До сабота сончево и топло, в недела дожд

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) - До крајот на денот променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата до 28 степени.

-До сабота ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник и ќе предизвика значителен пад на температурата, соопштуваат од УХМР. ир/са

 

QËNDRONI TË LIDHUR