• e enjte, 15 tetor 2026

Германски медиуми/Резултати од излезни анкети: Алтернатива за Германија пред историска победа во Саксонија-Анхалт

Германски медиуми/Резултати од излезни анкети: Алтернатива за Германија пред историска победа во Саксонија-Анхалт

Берлин, 6 септември 2026 (МИА) -    Во федералната германска покраина Саксонија-Анхалт гласачките места беа затворени во 18 часот, каде што околу 1,7 милиони гласачи гласаа за новото свикување на покраинскиот парламент.

Според излезните анкети на кои се повикуваат германски медиуми, десничарската Алтернатива за Германија (AfD) убедливо победила со 44,5 проценти од гласовите. Во споредба со последните избори, ова е зголемување од речиси 24 проценти.

Од друга страна, Христијанско-демократската унија претрпе пад и освои само 18,5 проценти од гласовите. Покрај тоа, ова е тежок удар за ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц и сигнал дека сличен пресврт би можел да се прелее и на национално ниво, наведуваат германските медиуми. зш/
фото ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR