Во Карбинци информативна средба за Програмата ИПАРД
- Во Општина Карбинци денеска се одржа средба на која земјоделците се информираа за можностите за аплицирање и добивање на финансиски средства од ИПАРД Програмата.

Карбинци, 26 февруари 2025 (МИА) – Во Општина Карбинци денеска се одржа средба на која земјоделците се информираа за можностите за аплицирање и добивање на финансиски средства од ИПАРД Програмата.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека ова е особено важно за земјоделците од општината кои сакаат да инвестираат и развиваат своето земјоделско производство.
- Важно е дека информацијата треба да стигне до сите они кои што ќе бидат потенцијални учесници, односно баратели за ваква поддршка и на денешната информативна средба да имаат можност да слушнат со што ќе можат тие да располагаат, односно да поднесуваат за ваков проект. Но и да побараат мислење, свој став во однос на оваа Програма и еве вака го оценувам дека би било успешно на еден ваков начин граѓаните да имаат информација за се што би имале можност да учествуваат во ИПАРД Програмата, изјави Паунов.
Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов нагласи дека заинтересираноста на земјоделците и сточарите од карбинскиот регион е голема за аплицирање со свои проекти до Програмата ИПАРД. вдј/фф/
Фото: МИА