• e premte, 27 shtator 2024

Во Дебар почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Дебар почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“

Дебар, 25 септември 2024 (МИА) - Со претставата „Отворен пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити, во изведба на актерите од гостиварскиот и театарот „Александар Моисиу“ од Драч, вечер во Дебар почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“.

- Годинешното 23. издание на фестивалот свечено ќе го отвори градоначалникот Хекуран Дука а следните денови, до 30 септември кога завршува, пред дебарската публика ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Драч, Подујево и Прешево. На последната фестивалска вечер ќе биде изведена претставата „Графити“ од Мехмет Краја во изведба на театарот  од Прешево, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка, рече за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини.

Додаде дека оваа значајна манифестација, која е препознатлив бренд на градот и се одржува во Националната установа Центар за култура, финансиски е поддржана од македонското министерство за култура, со 750 илјади денари, од општина Дебар, со 370 илјади денари, како и другите донатори. 

Фестивал е последна од повеќето активностите во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето 2024“. вт/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR