• e premte, 27 shtator 2024

Во Дебар отворен фестивалот "Албански театар во Македонија"

Во Дебар отворен фестивалот

Дебар, 26 септември 2024 (МИА) - Со претставата „Отворен пар“ од Дарио Фо и Франка Раме, во режија на Сулејман Рушити, во изведба на актерите од гостиварскиот и театарот „Александар Моисиу“ од Драч, синоќа во Центарот за култура во Дебар почна 23. издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Публиката, која ја преполни концертната салата актерите ги награди со бурен аплауз.

Пред претставата се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој, како што рече со изборот на претстави и ова издание убеден е дека ќе ја потврди својата успешност.

- Голема благодарност до сите кои веруваа во нас и придонесоа во подготовката, организацијата и одржувањето на фестивалот. Посебна благодарност до Министерството за култура, Општина Дебар, Центарот за култура и други донатори со чија поддршка фестивалот опстојува. И овој пат, ќе го повторам барањето,  што со години наназад го поставувам, фестивалот да се институционализира и искрено се надевам дека конечно ќе биде реализирано, зашто Дебар го заслужува тоа, рече Нуредини.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Хекуран Дука.

- Ви посакувам пријатни мигови и во следните театарски денови, од оваа значајна манифестација за која, нема да згрешам ако речам,  дека живее нашиот град и граѓаните. Пријатен престој и на гостите, кои убеден сум дека ќе се уверат во гостопримството, по кое е препознатлив нашиот крај. Ветувам продолжување на поддршката од нас како локална власт, рече меѓу другото Дука.

Утревечер пред дебрани ќе настапат актерите од тетовскиот театар со претставата "Измамите на Патук" од Ѓерѓ Фишта, во режија на Куштрим Бектеши.

Следните денови ќе настапат Албанскиот театар и Македонскиот народен театар од Скопје, Театарите од Подујево и од Прешево.

Последната вечер е на 30 септември кога ќе бидат доделени и наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка. 

Македонското министерство за култура, фестивалот го поддржа  со 750 илјади денари, додека  општина Дебар, со 370 илјади денари. вт/аа/

Фото: МИА

 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR