• e enjte, 26 shtator 2024

Во Виена промовирана книгата „Осврти - Рефлексии, илуминации и реминисценции“ од Виолета Калиќ

Во Виена промовирана книгата „Осврти - Рефлексии, илуминации и реминисценции“ од Виолета Калиќ

Скопје, 24 септември 2024

Во Виена, Австрија 19.09. 2924 година Во Амбасадата на Р Северна Македонија,промовирана книгата од авторот Виолета Калиќ насловена " Осврти - Рефлексии, илуминации и реминисценции". Книгата ја промовираше Н Е Освит Росоклија, амбасадор на Република Северна Македонија во Виена во присаство на претставници од дипломатскиот кор, амбасадори, екселенции,од Мировната мисија на ОБСЕ , претставници од диаспората, од различни институции и институти во Виена, од здружението и студиото на архитектите, од сферата на дигиталната IT технологија и љубители на уметноста, кои непосредно го изразиа своето воодушевување од настанот во синергија со големата Мултикултурна изложба со која се претсавиа преку 60 -тина уметници од Р. Северна Македонија и од надвор. Изложбата која беше отворена по тој повод, во салоните на Амбасадата на Р Северна Македонија , беше одржанаво рамките на промоцијата на книгата на историчарката на уметност Виолета Калиќ . Ова дело на 300 страници, содржи дел од нејзините многубројни Осврти настанати во изминатите преку 3 децении дејствување во сферата на визуелните уметности. Виолета Калиќ како куратор, промотор и ликовен критичар, е автор на бројните Осврти и предговори во каталозите на многубројни самостојни и групни изложби, на ликовни колонии, мултимедијални хепенинзи и перформанси. Во изминатите преку три децении активно дејствување во сферата на вузуелните уметности, успева да обедини разни генерации уметници од земјава и од надвор, преку разнородни тематски и изразни проекти. Во книгата се во повеќе разни поглавја застапени и преку 150 колор фотографии на ликовни дела на уметниците учесници во разни проекти, од земјат, но и од надвор. Дел од Освртите на Виолета Калиќ се објавувани и во превод на повеќе јазици и во бројни каталози по повод изложбите кои ги промовира во земјата и странство.

Публиката во Виена ја имаше можноста да ги види делата на уметниците кои беа учесници во дел од тие многубројни проекти, често од ангажиран карактер и од глобално значење. Некои од тие дела беа претставуваени во рамките на бројните мултикултурни изложби во земјата и надвор во Амбасадите на РСМакедонија во Вашингтон,САД во Отава,Канада, воМалмо, Шведска, во Дворецот Тракошќан во Р Хрватска, во Сплит, Ријека , во Улцињ, Црна Гора...Некои од овие дела беа претставени во рамките на многубројните тематски изложби посветени на еколошките теми заштитата на природата, рециклирањето во рамките на многубројните хепенинзи повтзани со денот на пролетта и деновите на екологијата. Другите пак беа застапени на изложбите по повод Светскиот Ден на бајката, Денот на Европа,некои се дел од изложбата насловена Бели мугри,посветени и инспирирани од поетиката на големиот македонски поет Коста Солев Рацин,другите пак се дел од големите и мултимедијални перформанси посветени на Вечното танго и музиката на Астор Пјацола која ги здружува народите и ентитетите ширум светот, како симбол на мултикултурализмот кој е одредница и на оваа голема групна изложба која здружува шеесеттина ликовни уметници, професори од повеќе универзитети во Р С.Македонија доктори од областа на визулената уметност, академици,сликари, графичари, графички дизајнери, модни креатори, скулптори... Истаржувачките проекти се се почесто пристани и во сферата на визулените уметности и тие преку интердисциплинарноста обединуваат и социолози, педагози, а некогаш се и во интеракција и со публиката...Голем дел од нив се наградувани автори со бројни национални и интернационални награди.. кои со најразнообразна тематика го одразуваат богатството на изразните форми преку имафинацијата и фантазијата со која уметникот го перципира и доживува светот , преполн со искушенија и контроверзни дискурси во многу сфери. Некои од тие дела го одрзуваат контемплативното, и трансцеденталното, другите пак се во духот на колажната естетика, и реални и надреални, фигуративни и нефигуративни, симболични, концептуални.... Тие се дијалог на најразнородни светогледи и повзрница помеѓу ентитетите и религиите, помеѓу световното и духовното, одразувајќи ја заедничката тенденција и заложба за запазување на хуманите и етички принципи, за хармонија, помеѓу разнообразните форми на постоење и опстојување, во интеракција со природата, и дијалогот помеѓу времето минато, сегашно и идно....Наспроти девастацијата на природата со енормната технологизација, отуѓувањето, осамата... Тие ги содржат и елементите на критиката кон затрупаноста од излишното, конзумеризмот, духовната,и морална девастација, ерозија и алиенација... Тие често го одразуваат поривот кон навраќање кон архетипот, длабоко иманентен на човековото битие ...Тие стремежи се вткаени во копнежот, во сонот, во поривот кој води кон немирно талкање во потрагата по тој природен баланс помеѓу ововремените услови на опстојување и есенцијалните исконски вредности.......

Техниките исто така ја одразуваат изразната разнообразност, од акварел, цртеж, комбинирани техники, масло на платно, акрилик, експериментални техники, до фотографија, дигитални принтови во духот на ововремените тенденции, во визуелните уметности во кои е често круциелна пораката и комуникацијата, која се упатува и алтернативни техники и медиуми. Застапен е и пејзажот Некои од овие многубројни остварувања кои оставиа трага и во колективната меморија, дел од нив, се претставени и на оваа изложба, како дел од оние кои се застапени и во книгата на авторот Виолета Калиќ ,насловена „Осврти....Рефлексии, илуминации, реминисценции, која здружува и бројни уметности и која сега е промовирана и во Виена, како еден историски значаен културен центар, кој со своите богати ризници и музеи претставува предизвик за сите љубители на уметноста воопшто.

А насловот на книгата ја одразува таа мигновена допреност на авторот, од моќта на непосредната доживелица на тие разнообразни сензибилитети, на таа разнородна експресија, тоа е таа илуминација, тоа духовно раскрилување , просветлување, тој процес на нивното осознавање, и таа рефлексија преточена во обид за интерпретирање на сите тие пораки и сензации кои ги еманират нивниот инкарнат, и светоглед, преточен во вибрантни флоскули .....во процесот на осознавање ... и таа реминисценција, тоа постојано навраќање “ истакна Виолета Калиќ , историчар на уметноста, и куратор на овој проект, по повод отворањето на оваа значајна мултикултурна изложба во Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена.

И по овој повод им се заблагодари на сите вработени во Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена за сета поддршка во реализација, на Ј У Домот на култура Кочо Рацин-Скопје, на сите уметници, учесници кои непосредно се вклучени во овој проект, како и на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.И посебна Благодраност до Амбасадорот на Р Северна Македонија во Виена, Н Е Освит Росоклија, за неговата вдахновена интерпретација, посветена и аналитична опсервација на овој труд кој има делумно и архивско значење. Голема чест е, неговото ангажирање во реализацијата на овој проект и како промотор на оваа книга во Амбасадата на Р Северна Македонија во Виена, со што придонесе овој настан кој едновремено вклучуваше и промоција на книга и изложба на дела да остави впечатлива трага кај присатната публика.

Виолета Калиќ
куратор на проектот, автор на книгата
Осврти, Рефлексии, илуминации и реминисценции

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Виолета Калиќ

QËNDRONI TË LIDHUR