• e mërkurë, 25 shtator 2024

Ватикан повика на искоренување на нуклеарното оружје

Ватикан повика на искоренување на нуклеарното оружје

Ватикан, 24 септември 2024 (МИА) - Стремежот за општ мир е целта, а тоа подразбира општо разоружување и особено елиминација на нуклеарното оружје, изјави Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан, во пресрет на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Паролин додаде дека целиот свет е зафатен од опасна криза и дека е време да се одбрани човечкото достоинство.

„Мора да гарантираме сигурна иднина во која сите луѓе ќе можат да уживаат во развојот, како поединци и како заедници. Само во овој момент не смееме да ги затвораме очите пред трагедиите со кои се соочува човештвото“, нагласи Паролин.

Според него, за мирна и просперитетна иднина потребна е политичка волја да се искористат сите средства кои би довеле до одржлив развој.

Во говорот во седиштето на ОН, државниот секретар на Ватикан се осврна и на проблемот со сиромаштијата во светот за што порача дека меѓународната заедница треба дополнително да ги зајакне сите свои активности за нејзино искоренување. паг/

Фото: МИА архива



QËNDRONI TË LIDHUR