• e enjte, 26 shtator 2024

Борел во Њујорк домаќин на работен ручек со лидерите на Западен Балкан

Борел во Њујорк домаќин на работен ручек со лидерите на Западен Балкан

Брисел, 25 септември 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на ОН, ќе ги собере лидерите на Западен Балкан на традиционалниот работен ручек, соопшти Европската комисија.

„В среда, високиот претставник Борел ќе биде домаќин на шестмина лидери од Западен Балкан на традиционалниот работен ручек“, се вели во соопштението на Комисијата, која претходно ги објави активностите на претставниците на ЕУ во ОН.

Минатата година Борел беше домаќин и на неформален состанок со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR