• e premte, 30 gusht 2024

Арсенал сака да го ангажира Коман на крајот од трансфер прозорецот, но проблем е високоата плата на фудбалерот

Арсенал сака да го ангажира Коман на крајот од трансфер прозорецот, но проблем е високоата плата на фудбалерот

Лондон, 29 август 2024 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за Кингсли Коман.

Според „Дејли мејл“, „Топчиите“ размислуваат за трансфер за крилниот напаѓач на Баерн Минхен пред затворањето на преодниот рок утре на полноќ.

Тренерот Микел Артета сака да ја зголеми конкуренцијата на крилните позиции.

Дваесет и осумгодишниот Коман може да го напушти Баерн оваа недела. Клубови од Саудиска Арабија покажуваат сериозен интерес за него, особено Ал-Хилал, кој веќе се договорил со тимот од Минхен за трансфер.

Во моментов играчот заработува околу 300.000 фунти неделно во Баерн. Според изворот, постојат сомнежи дека Арсенал ќе може да си дозволи играч со толку голема плата, за разлика од клубовите од Саудиска Арабија.

Французинот има нешто помалку од три години од актуелниот договор. Минатата сезона во Бундеслигата одигра 17 натпревари, постигна три гола и исто толку асистенции. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR