Апасиев со забелешки за АВМУ, Трајчевски му одговори дека вршел сериозен притисок врз медиумите во државата
- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги регулира медиумите, но во исто време се грижи за слободата на говорот, медиумските слободи во општеството, плурализмот и во рамките на своите законски надлежности се обидува колку што е можно да го спречи притисокот врз медиумите од страна на економски и политички центри на моќ. Тоа го истакна директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски одговарајќи на прашањето на пратеникот Димитар Апасиев денешната седница во Собранието наменета за пратенички прашања, на која лидерот на Левица му посочи дека Агенцијата не е надлежна да го регулира говорот во Собранието, туку во медиумите.

You need to login to view this page