СветСвет.Портал

Ал Сиси: Египет може да ја измени воената ситуација во Либија

Египет нема да седи со скрстени раце во случај на каква било директна закана кон него или кон Либија, порача египетскиот претседател Абдел-Фатах ал Сиси.

Каиро, 17 јули 2020 (МИА) – Египет нема да седи со скрстени раце во случај на каква било директна закана кон него или кон Либија, порача египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

– Доколку сака, Египет може да ја измени воената ситуација брзо и одлучно, истакна Ал Сиси, повикувајќи ги сите завојувани страни во Египет да го прекинат судирот.

Тој во Катар се сретна со лидерите на либиските племиња од Бенгази, упориштето на генералот Калифа Хафтар, кои им дале овластување на претседателот и на египетската војска да интервенираат во нивната земја поради „заштита на суверенитетот на Либија“, се наведува во соопштението од кабинетот на Ал Сиси.

Тие го повикале да се бори против „турската инвазија и тероризмот“. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close