Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ал Шабаб нападна база во Кенија каде се сместени и американски војници

Борци од сомалиската исламистичка група Ал Шабаб денеска нападнаа воена база во Кенија што ја користат локални и американски војници.

Најроби, 5 јануари 2020 (МИА) – Борци од сомалиската исламистичка група Ал Шабаб денеска нападнаа воена база во Кенија што ја користат локални и американски војници.

– Беше извршен напад, но тој беше одбиен, изјави портпаролот на локалната власт.

Нападот беше извршен врз базата Камп Симба, лоцирана во областа Ламу во близина на кениската граница со Сомалија. Од Ал Шабаб тврдат дека била нападната базата и дека во нападот „е уништена воената опрема на американските сили“. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close