СветСвет.Портал

Ал-Моалем: САД со санкциите сакаат да го изгладнат сирискиот народ

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Моалем, денеска ги обвини САД дека сакаат да го уморат со глад сирискиот народ со воведување нови санкции и да отворат врата за враќање на тероризмот во земјата која е опустошена од повеќегодишната војна.

Дамаск, 23 јуни 2020 (МИА) – Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Моалем, денеска ги обвини САД дека сакаат да го уморат со глад сирискиот народ со воведување нови санкции и да отворат врата за враќање на тероризмот во земјата која е опустошена од повеќегодишната војна.

Ал-Моалем рече дека санкциите се предизвик, но дека не е невозможно да се надминат и инсистираше на тоа дека Владата ќе може, со помош на пријатели и сојузници, да се справи со таканаречениот Закон за граѓанска заштита во Сирија.

Законот е познат како Цезаров закон и е именуван по псевдонимот на сирискиот полицаец, кој објави фотографии на илјадници жртви кои биле измачувани од владата на Асад.

– Предизвиците не се лесни. Веќе започнавме со преземање мерки за сузбивање на овие санкции, рече Ал-Моалем.

Најновите американски санкции се најстрогите досега усвоени против Сирија и се однесуваат на сите лица или субјекти кои имаат деловни активности со сириската Влада или ги поддржуваат нејзините воени напори, вклучително и реконструкција, испорака на гориво и други сектори.

Бизнисмените блиски до сириската Влада се додадени на списокот на санкции во рамките на новите мерки.

Американскиот Стејт департмент и Министерството за финансии, исто така, го ставија Асад, неговата сопруга и роднините на списокот на санкции.

Ова лето треба да се додадат уште неколку луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close