Политички партии

Актуелната политичка состојба и стратешките приоритети тема на разговор на средбата Мицкоски-Жбогар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес (07 септември 2020 година) оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Скопје, 7 септември 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес (07 септември 2020 година) оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија. Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му се заблагодари на ангажманот на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар за неговите придонеси за европската агенда, и се надева дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close