Дописници МКДОпштински вести

Активности во општините од Пијанечко-малешевскиот регион за подобро запознавање со ромската култура и јазик

Во општините Делчево, Берово и Пехчево се реализираа  актовности за подобро запознавање со ромската култура и јазик. За таа цел во општините од Пијанечко-малешевскиот регион беа дистрибуирани примероци од Речникот и Граматиката на ромски јазик. Споменатата литература како што информираше Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево ќе биде предадена на библиотеката и општоинските основни училишта во Делчево.

Делчево, 6 мај 2021 (МИА) – Во општините Делчево, Берово и Пехчево се реализираа  актовности за подобро запознавање со ромската култура и јазик. За таа цел во општините од Пијанечко-малешевскиот регион беа дистрибуирани примероци од Речникот и Граматиката на ромски јазик. Споменатата литература како што информираше Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево ќе биде предадена на библиотеката и општоинските основни училишта во Делчево.
-Во чест на јубилејот, конкретно во општина Делчево беа дистрибуирани 30 примероци речник на Ромски и македонски јазик и 50 примероци граматика. Во рамки на претходно потпишаниот договор, денеска претставници на Владата на Република Северна Македонија ни ги врачија книгите чии примероци ќе бидат врачени на библиотеката и двете основни училишта каде како предметен наставен јазик од годинава е воведено и изучувањето на ромскиот јазик и ромска култура за учениците од основно образование, рече Мемедова.вс/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close