Дописници МКДОпштински вести

Активно едно од трите жаришта на Липац во Кумановско

Пожарот во Горно Јачинце, Кумановско, сè уште е активен, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Останатите две жаришта кои се наоѓаат кај Довезенце и Јачинце - Мургаш се ставени под контрола.

Куманово, 5 август 2021 (МИА) – Пожарот во Горно Јачинце, Кумановско, сè уште е активен, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Останатите две жаришта кои се наоѓаат кај Довезенце и Јачинце – Мургаш се ставени под контрола.

– Трите активни жаришта ги гасевме до три часот утрово. Двата се целосно угаснати, но остана противпожарна патрола од месно население која дежура. Последното жариште е локализирано, ставено под контрола и имаме уште една екипа таму, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Ридот Липец гореше цела ноќ од двете страни кон Довезенце и Мургаш. Од огнот беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева. ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close