Дописници МКДОпштински вести

Активни уште две жаришта на Кокински дол

Пожарникарите од Старо Нагоричане заедно со припадници на Армијата, полицијата и екипа на шумско стопанство се на терен и работат на догасување на две активни жаришта пожарот во месноста Кокински дол под опсерваторијата, помеѓу селата Кокино и Арбанашко, соопштија  денеска надлежните од противпожарната единица и од РЦУК Куманово.

Куманово,  3 август 2021 (МИА) – Пожарникарите од Старо Нагоричане заедно со припадници на Армијата, полицијата и екипа на шумско стопанство се на терен и работат на догасување на две активни жаришта пожарот во месноста Кокински дол под опсерваторијата, помеѓу селата Кокино и Арбанашко, соопштија  денеска надлежните од противпожарната единица и од РЦУК Куманово.

 

Пожарот кај Кокино делумно е локализиран, освен на  овие две локации каде не може да се пристапи со возила. Од општина Старо Нагоричане најавија дека ќе се одржи и седница на кризен штаб.

Во текот на вчерашниот ден екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, Скопје, Ранковце, Битола, Кавадарци, припадници на шумското стопанство, припадници на Армијата на МВР, на ДЗСИ и жители цела ноќ го гасеа пожарот кај Кокино во кој беше зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума.

Пожарот почна да се шири на 1 август во попладневните часови. Вчера во текот на денот во гасењето беше вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители и беа зафатени неколку куќи, викендички во Кокино. Надлежните од болницата информираа дека вчера помош на интерното одделение побарале и двајца пожарникари кои по укажаната помош веднаш се пуштени на домашно лекување.

Во Кумановско е целосно изгаснат пожарот во Мургаш и Пезово, екипите цела ноќ го гаселе пожарот кој беше видлив од источната страна на Куманово.

Во моментов има пожар на спротивната страна на ридот кој е префрлен во атар на село Бељаковце (општина Куманово) каде гори нискостеблеста дабова шума која во моментов ја гасат кумановските пожарникари. ам/хс/

Back to top button
Close
Close