0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Активни два пожара во Прилепско, на помош 30 припадници на Армијата

Два големи пожара се активни во Прилепско. Едниот е раширен на потегот Топлица-Ракле-Никодин е активен веќе три дена, а од синоќа избувна шумски пожар кај Смолани. Зафатена е нискостеблеста шума, а постои опасност пламените јазици да ја зафатат блиската борова шума.

Прилеп, 5 август 2021 (МИА) – Два големи пожара се активни во Прилепско. Едниот е раширен  на потегот Топлица-Ракле-Никодин е активен веќе три дена, а од синоќа избувна шумски пожар кај Смолани. Зафатена е нискостеблеста шума, а постои опасност пламените јазици да ја зафатат блиската борова шума.

Од изутрината на помош на пожарникарите и на вработените во шумското претпријатие  се и 30 припадници на Армијата. Тоа е со одлуката на прилепскиот Кризен штаб по синоќешниот вонреден состанок.

Според најновите информации од командирот на прилепската Противпожарна единица Виктор Стојчески, локализиран е најнискиот дел од кракот на пожарот на потегот Топлица, во близина на магистралниот пат Прилеп-Градско и наскоро треба да биде целосно изгаснат.

– Пламените јазици се во високиот, тешко пристапен дел кај Ракле. Имаме 15 пожарникари на теренот, тука се вработените од шумското претпријатие како и припадниците на Армијата, а дел пративме на помош да бидат кај новоизбувнатиот пожар кај Смолани, објаснува Стојчески.

Изгаснат е пожарот кој од 2 август беше активен кај Канатларци и Подмол. Кризниот штаб побара да бидат подготвени јавните комунални претпријатија кои, доколку се укаже потреба, ќе бидат активирани како помош во гаснењето на пожарите. ем/вг/

Фото: МИА Архива

Back to top button
Close
Close