0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Активисти од Западен Балкан и Турција на заедничка дискусија за родова еднаквост

Феминист(к)ите и застапниците/чките за правата на жените од Западен Балкан и Турција денеска ќе се сретнат на виртуелна средба за да дискутираат за остварување на обврските на Пекиншката декларација и за Платформа за акција, како најсеопфатна и трансформативна агенда за родова еднаквост и зајакнување на жените и девојките усвоена во Пекинг пред 25 години.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Феминист(к)ите и застапниците/чките за правата на жените од Западен Балкан и Турција денеска ќе се сретнат на виртуелна средба за да дискутираат за остварување на обврските на Пекиншката декларација и за Платформа за акција, како најсеопфатна и трансформативна агенда за родова еднаквост и зајакнување на жените и девојките усвоена во Пекинг пред 25 години.

Како што соопшти „UN Women“ – Скопје, оваа средба е именувана „Иднината на еднаквоста во Западен Балкан и Турција“. Ќе почне со регионални консултации „Tаа зборува“, кои ќе ги разгледуваат предизвиците кои се закануваат во остварувањето на родовата еднаквост.

Четирите последователни двочасовни консултации ќе соберат на едно место различна група учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Словенија и Турција за планирање на нивните приоритети во следните пет години.

Исходот од консултациите, како што се наведува, ќе биде придонес и во Форумот на „Генерацијата еднаквост“, глобален собир за родова еднаквост, организиран од UN Women и владите на Мексико и Франција.

Консултациите се организирани од Женската платформа за развој на Србија, во соработка со UN Women и со финансиска поддршка на проектот на канцеларијата на UN Women во Србија „Поддршка на приоритетните акции за родова еднаквост во Србија“, финансиран од Европската унија.

– И покрај значителниот напредок за родова еднаквост и женски права во регионот од
усвојувањето на Пекиншката платформа за акција, прогресот е многу бавен и, во многу случаи, нестабилен. Со ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид-19, дури и ограничените придобивки за женските права направени во минатите декади постои ризик да се изгубат. Пандемијата ги заострува веќе постоечките нееднаквости и ги разоткрива ранливостите во социјалните, политичките и економските системи, се вели во соопштението.

Учесниците ќе дискутираат и за иновација, технологија и родова еднаквост, за климатската правда и родова еднаквост. мд/лв/

Back to top button
Close
Close