Политички партии

Активисти на Движењето БЕСА во Куманово и Општина Липково поделија бесплатни заштитни маски

Активисти на Младинскиот форум на Движењето БЕСА, заедно со претставници на Форумот на Жени, денес во градот Куманово и Општина Липково, поделија бесплатни заштитни маски, како претпазливост против пандемијата COVID-19. Најновите препораки на владата се секој граѓанин да носи маска и преку оваа симболична акција, Движењето БЕСА уште еднаш потсетува дека здравјето на граѓаните е на прво место и секој од нас мора да се погрижи да го зачува.

Скопје, 27 април 2020

Ваквите акции ќе продолжат и во другите градови во земјата, каде што првите маски и нараквици беа дистрибуирани во Тетово и денес во Куманово и Општина Липково.

Изјава за медиумите на претставничката на Форумот на Жени при Движењето БЕСА, Нестрине Абази;

„После најновата состојба и брзото ширење на пандемијата„ Ковид-19 “, ние како ја презедовме иницијативата за подигнување на свеста за бесплатна дистрибуција на симболична количина маски како заштитни средства, кои по олеснувањето на полицикиот час, стана задолжителна да има секој граѓанин што излегува во на јавно место. После Тетово ја спроведуваме оваа акција во Куманово, и ка помогнеме во битката против вирусот СОВИД-19, затоа што само со почитување на препораките на здравствените институции , можеме лесно да го совладеме вирусот. Денес преку оваа активност сакаме да испратиме порака дека мора да имаме целосна волја и да работиме напорно за да го одржиме здравјето индивидуално, но и на оние околу нас. Доколку строго ги следиме препораките нормално дури и рестриктивните мерки постепено ќе бидат ослободени и ќе се вратиме во нормален живот, како пред пандемијата „COVID-19“.

Канцеларија за информирање на Движење БЕСА

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close