СветСвет.Портал

Активирана војската поради насилните протести во Минеаполис

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.

Минеаполис, 29 мај 2020 (МИА) – Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.

Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбувале продавници и уништувале се пред нив.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици.

Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација“ и побара од луѓето да се разотидат.

Протестите избија по смртта на Џорџ Флојд, кој наводно починал од задушување откако полицаец се обидел да го уапси и со коленото му го притиснал вратот.

Канцеларијата на американскиот јавен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спроведуваат кривична истрага за смртта на Флојд. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close