Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Актерот на Европа 2020 од 25 до 30 август во Преспа

Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2020 по 18-ти пат ќе се одржи од 25 до 30 август во Ресен. Соодветно на ситуацијата со КОВИД-19, организаторте информираат дека сите настани на фестивалот ќе се одржуваат на отворено, со сите безбедносни мерки, согласно протоколот на Владата.

Ресен, 20 август 2020 (МИА) – Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа 2020 по 18-ти пат ќе се одржи од 25 до 30 август во Ресен.

Соодветно на ситуацијата со КОВИД-19, организаторте информираат дека сите настани на фестивалот ќе се одржуваат на отворено, со сите безбедносни мерки, согласно протоколот на Владата.

Фестивалот свечено ќе биде отворен пред „Сарајот“ во Ресен на 25 авгист со стиховите од класиците на македонскта, грчката и албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, претседателот на интернационалното жири Мето Јовановски и Ректотот на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и Претседател на фестивалот, Јордан Плевнеш.

Главната награда Актер на Европа 2020 годинава ќе биде доделена на актерка Арта Доброши од Косово.

Со ова признание, Арта Доброши, ќе се впише меѓу имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија), Селма Алиспахиќ (БиХ), Марија До Сеу Гера (Португалија) и други.

Престижната награда Клучевите на Преспа 2020, оваа година ќе ја добијат Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Кристијан Тимоние и познатиот кардиохирург од Лос Анџелес, САД, со македонско потекло Д-р Стивен Бибевски.

Во рамки на истата церемонија, како што информираат организаторите, ќе биде доделена и Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“, која годинава ќе ја добијата истакнатите македонски стопанственици Ирена Јакимовска, сопственик и менаџер на „Comfy Angel“, Слободан Кутревски од Пекабеско, Неби Хоџа, Претседател на стопанската комора на Северозападна Македонија, како и Арис Влахос, Прертседател на Здружението на грчки бизниси во Северна Македонија.

Фестивал се одржува од летото 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија. аа/са/

Back to top button
Close
Close