0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ако не успее сега со Санчо, другата сезона Јунајтед ќе се бори за него со Реал и Барса

Борусија тврди дека тие го продолжиле договорот на Санчо до 2023 година, што, во комбинација со зголемениот број на кандидати, може да ја отежни мисијата на „црвените ѓаволи“.

Манчестер, 14 август 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед ќе има многу силна конкуренција за Џејден Санчо следното лето, доколку не успеат да го финализираат трансферот на англискиот талент сега.
Според „Мирор“, во наддавањето ќе се приклучат и Реал Мадрид и Барселона за една година, а цената во никој случај нема да биде пониска.

Борусија тврди дека тие го продолжиле договорот на Санчо до 2023 година, што, во комбинација со зголемениот број на кандидати, може да ја отежни мисијата на „црвените ѓаволи“.

Ултиматумот што Борусија му го даде на Јунајтед за трансферот истече во понеделникот. После тоа, од германскиот табор неколку пати изјавија дека Санчо дефинитивно ќе остане во тимот следната сезона.

Сепак, медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ не се откажале.

Таг
Back to top button
Close
Close