0_Спорт.ПорталФудбал

Јакимовски повика 20 играчи за турнирот во Италија

Младата македонска фудбалска репрезентација во периодот од 22 до 28 јуни ќе биде учесник на меѓународен турнир за фудбалери до 17 години што ќе се одржи во Градишка, Италија.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Младата македонска фудбалска репрезентација во периодот од 22 до 28 јуни ќе биде учесник на меѓународен турнир за фудбалери до 17 години што ќе се одржи во Градишка, Италија.

Покрај нашата репрезентација, на овој турнир ќе учествуваат и селекциите на Албанија, Русија и Словенија.

Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Русија на 23 јуни со почеток од 18 часот.

Јакимовски за претстојниот турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Един Ајрадиновски и Давид Стојановиќ;

Oдбрана: Симеон Здравковски, Даниел Марковски, Андреј Аризанковски, Џеладин Амедовски, Марко Стојилевски, Анес Малиќи, Хадис Таири и Матеј Јаневски;

Среден ред: Сулејман Умерфарук, Амир Нухија, Мартин Ѓорѓијевски, Мухамед Елмас, Кире Стојанов, Зани Назифи, Никола Манојлов и Бахри Јашари;

Напад: Хакија Цановски и Никола Величковски. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close