0_Спорт.ПорталОстанато

Јакимовски и Јовановска победници на вториот пинг-понг Мастерс за помлади кадети

Александар Јакимовски од Крива Паланка и Фани Јовановска од Крушево се победници на вториот Мастерс рангирен турнир за играчи до 12 години одржан денеска во Берово како вовед во пролетниот дел од сезоната 2019/20.

Берово, 1 февруари 2020 (МИА) – Александар Јакимовски од Крива Паланка и Фани Јовановска од Крушево се победници на вториот Мастерс рангирен турнир за играчи до 12 години одржан денеска во Берово како вовед во пролетниот дел од сезоната 2019/20.

Пласман помлади кадети:
1. Александар Јакимовски ППК Крива Паланка
2. Ненад Тиловски ППК Телеком НЕЦ 2
3. Давид Иванов ППК Телеком НЕЦ
3. Андреј Стојановски ППК Работнички

Пласман помлади кадетки:
1. Фани Јованоска ППК Крушево
2. Сара Стојановска ППК Крива Паланка
3. Матеја Смолиќ ППК Рисови
3. Лена Гидалова ППК Студент

Турнирот во организација на ППК Зегин од Берово за отворен го прогласија градоначалникот на Берово Звонко Пекевски и претседателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски.

Возбодувањата во Берово продолжуваат утре со кадетскиот Мастерс турнир за играчи до 15 години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close