Оригинални текстови

Акционерите од Топлификација бараат ДКСК и МВР да ги објават фирмите кои биле вклучени во полутолинг моделот и во снабдувањето со гас на ТЕ-ТО

Оваа информација има за цел да се спречи неточното информирање на јавноста од страна на ТЕ-ТО АД во врска со огромниотскандал во кој се оштетени македонски фирми во висина од над 40 милиони евра, а во тој износ штетата на Топлификација АД е над 33 милиони евра во моментот.Во информациите кои деновиве се лиферираа од раководството на ТЕ -ТО АД искажани се повќе невиситни.

Скопје, 10 февруари 2020

Оваа информација има за цел да се спречи неточното информирање на јавноста од страна на ТЕ-ТО АД во врска со огромниотскандал во кој се оштетени македонски фирми во висина од над 40 милиони евра, а во тој износ штетата на Топлификација АД е над 33 милиони евра во моментот.Во информациите кои деновиве се лиферираа од раководството на ТЕ -ТО АД искажани се повќе невиситни. За повеќето од нив нема потреба ниту да се коментира. Но мораме да реагираме на една небулоза сокоја раководството на ТЕ-ТО АД сака да прикрие јавно признание изнесено во Планот за реорганизација на ТЕ -ТО АД кој е основен документ со кој се отпишани 150 милиони долгови на ТЕ ТОАД и е направена огромна штета на македонски фирми.Активноста која е предмет на анализа во Планот за реорганизација на ТЕ-ТО АД и која анализа се цитирана сите прес конференции на Топлификација АД од средината на 2018 година до денес се реализира од 2014 до ноември месец 2017 година.За таа активност во Планот за реорганизација на ТЕ ТО АД на осмата страна е наведено:“Како дополнителен товар во неповолното работно окружување на компанијата,покрај објективните пазарни услови, се наметнуваат и следните фактори:Условеноста на ТЕ -ТО АД да го набавува природниот гас преку посредни компании надвор од Република Македонија, наместо директно од производителот на природен гас.Условеноста на ТЕ -ТО АД да ја продава електричната енергија на краен трговец назначен од добавувачот на природен гас по таканаречен принцип на полутолинг и тоа индексиран само на една берза.На десетата страна од Планот за реорганизација е наведено дека ТЕ -ТО АД во втората половина на 2017 година го раскинал договорот за набавка на природен гас со посредничката компанија со што се направени заштеди од 0,3 милиони евра месечно.На истата страна е наведено дека ТЕ ТО АД го напушти и полутолинг моделот со што се направени заштеди од 0,2 милиони евра месечно.(Во дел од демантите на ТЕ-ТО АД деневиве се тврди дека полутолинг моделот им носел заштеди, а во Планот за реорганизација наведуваат дека кога го откажале договорот за снабдување на гас од посредник и кога го откажале полутолинг моделот направиле вкупна заштеда од 0,5 милиони евра месечно.)Оваа јавно признание во Планот за реорганизација дека ТЕ-ТО АД трпело непазарни штети заради условеноста да купува гас од посредник и да продава електрична енергија по полутолинг систем во висина од 0,5 милиони евра месечно е причината да се постават прашањата:Кои се фирмите кои имале корист од штетите на ТЕ -ТО АД на месечно ниво од половина милион евра?Кој се сопственици на овие фирми?Колку месеци траело тоа оштетување на ТЕ -ТО АД?Колкава е вкупната штета предизвикана на ТЕ-ТО АД во овој период?

Здружението на акционери на Топлификација АД бара во најкраток можен рок Државната комисијата за спречување корупција и МВР да ги објави фирмите и сопствениците на истите кои биле вклучени во полутолинг моделот и во снабдувањето со гас на ТЕ ТО АД.

Здружение за заштита на правата на акционерите во Топлификација АД-Скопје

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close