Дописници МКДОпштински вести

Акции за садење цвеќе и садници во Куманово

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ работат на пејзажно уредување и засадување нови дрвја, садници, грмушки и цвеќиња на различни локации во Куманово, информираа денеска надлежните.. Акцијата за уредување на просторот околу кружниот тек на влезот во Куманово трае, а досега, засадени се и дрвореди, грмушки и љубичици.

Куманово, 12 март 2020 (МИА) – Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ работат на пејзажно уредување и засадување нови дрвја, садници, грмушки и цвеќиња на различни локации во Куманово, информираа денеска надлежните.. Акцијата за уредување на просторот околу кружниот тек на влезот во Куманово трае, а досега, засадени се и дрвореди, грмушки и љубичици.

– Насадивме 600 садници од жива ограда, 450 сантолини, односно ниски перени, 180 украсни грмушки, 55 топки туја, 1.600 виоли, изјави техничкиот директор во претпријатието, Цветанка Ивановска.

Од влезот на градот до поранешната фабрика „Први Мај“ и од спротивната страна кај поранешната фабрика „Монопол“ насадени се листопадни дрвја.

– Просторот не само што ќе е хортикултурно уреден, туку со садниците ќе влијаеме и врз намалување на аерозагадувањето, додава Ивановска.

Од едната страна на булеварот насадени се платани, од втората јасени. На други локации во Куманово насадени е нов дрворед на улицата „Гоце Делчев“ и на „Б.Б,. Гуцман“, со даб, обновени се дрворедите со липа, платан, јасен и каталпа на улиците низ градот, обновено е зеленилото на градскиот кеј, на булеварот „Октомвриска револуција“.

Една од мерките за намалување на аерозагадувањето во Куманово е садење на садници, а задолжено е јавното претпријатие кое произведува сопствено производство во расадникот во Доброшане. Стручните појаснуваат дека е водено сметка за биодиверитетот и одбрани се растенија прилагодени за урбана средина. ам/сп/

Back to top button
Close
Close