Дописници МКДОпштински вести

Акција за уредување тротоари на гевгелиските улици

Почна уредувањето на тротоарите на улицата „Миле Пецанов“, во Гевгелија со што во план е да се изврши целосна реконструкција на значајната сообраќајница која води до новиот Градски пазар.

Гевгелија,17 јануари 2020 (МИА) – Почна уредувањето на тротоарите на улицата „Миле Пецанов“, во Гевгелија со што во план е да се изврши целосна реконструкција на значајната сообраќајница која води до новиот Градски пазар.

Работите почнаа денеска со инсталирање систем „капка по капка“, бидејќи според проектот, на тротоарот ќе бидат засадени и дрвца. Потоа ќе следува поставување бекатон плочки на површина од околу 1.000 метри квадратни, по што улицата ќе добие уредени и широки тротоари.

-Почнавме со уредување на тротоарите на оваа улица затоа што по отворањето на новиот пазар стана една од најпрометните улици, особено во пазарните денови. Затоа и сметавме дека треба да создадеме услови за непречено одвивање на сообраќајот и безбедно движење на пешаците, рече градоначалникот Сашо Поцков, кој најави дека општината планира да ги обнови и тротоарите од двете страни на булеварот „Гевгелија“, од влезот кај надвозникот па се до првиот кружен тек во градот. им/ир

Таг
Back to top button
Close
Close