Дописници МКДОпштински вести

Акција за разубавување урбана опрема на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“

Урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци во кејот на Крива Река денеска беа репарирани и исфарбани на иницијатива на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, во соработка со „Осоговски акцијаши“ и Советот на млади на Крива Паланка.

Крива Паланка, 28 јуни 2020 (МИА) – Урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци во кејот на Крива Река денеска беа репарирани и исфарбани на иницијатива на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, во соработка со „Осоговски акцијаши“ и Советот на млади на Крива Паланка.

-Акцијата е спој на корисното и убавото истовремено, од една страна бидејќи клупите откако се поставени, не се обновени, па ги заштитивме со фарбањето, а од друга страна, и добија нов урбан лик. Иницијативата потекна од фактот дека кејот на Крива Река во овој летен период е едно од главните места за рекреација и минување на слободното време на граѓаните, младите и дечињата, па на задоволство и наше и на сите, се надевам ќе наиде оваа акција, која поради топлото време ќе ја реализираме во неколку фази, изјави Ирена Белешковска, извршна директорка на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.

Таа упати благодарност до општината за обезбедените средства и ресурси, како и до градоначалникот Борјанчо Мицевски кој лично се вклучи во денешната акција.

Општествената одговорност е наша обврска, должност но и наша одлика. Благодарност за денешната иницијатива и активност на Фондацијата, акцијашите и младинците за разубавувањето на централното градско подрачје, рече Мицевски.

Претседателот на Советот на млади на Крива Паланка, Александар Величковски ја окарактеризира акцијата како спој на генерации, посочувајќи дека како организација денеска дадоа скромен придонес за тековното одржување на урбаната опрема. Тој ги повика сите заинтересирани да земат активно учество во разубавувањето на сопстевниот град.

-Во организација на нашата фондација месецов натпис „Со срце за Крива Паланка” беше поставен на јавната површина покрај магистралата А2, со која е надополнет урбаниот дел на градот. Тековно подготвуваме и аплицираме проекти во различни сфери на општественото дејствување, но ваквите навидум мали иницијативи се наш приоритет, за да дадеме придонес и да поттикнеме, заедницата да се вложи, вклучи и активира, секој во рамки нa своите можности и делокруг, веќе се вклучија опшптестевно договорни компании за дополнителни ресурси за следнитe акции, повикуваме и останатите да ни дадат поддршка да ја направиме Крива Паланка поубаво место за живеење, за сите, додаде Белешковска.

Во претстојниот период фондацијата ќе органзиира и уредување на детски катчиња во градот.ид/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close