Дописници МКДОпштински вести

Акција за пошумување во Крушево

Во Крушево продолжува акцијата за пошумување и озеленување на околината, која е дел од програмата „Добра земјоделска практика“, поддржана од Сојузот на земјоделски здруженија и на Општината.

Крушево, 21 април (МИА) – Во Крушево продолжува акцијата за пошумување и озеленување на околината, која е дел од програмата „Добра земјоделска практика“, поддржана од Сојузот на земјоделски здруженија и на Општината.

Утре во 11 часот ќе започне акцијата за пошумување во околината на споменикот „Слива“. Во акцијата ќе учествуваат од компанијата „Секе“, општината Крушево, од Сојузот на земјоделски здруженија, шумското претпријатие  „Липа“, од основното училиште „Никола Карев“, од средното „Наум Наумовски Борче“ и волонтери.

Учесниците во оваа акција ги повикуваат сите граѓани на Крушево да учествуваат во засадувањето дрвја. ем/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close