Општински вестиСкопје

Акција за одложување на кабаст отпад во Карпош

На четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата. Станува збор за акција на општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, која ќе се спроведе во периодот од 18 до 22 мај 2021 година.

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – На четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата. Станува збор за акција на општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, која ќе се спроведе во периодот од 18 до 22 мај 2021 година.

Од прес-службата на Општина Карпош информират дека граѓаните можат да го одложат мебелот, електронскиот и електричен отпад на четирите локации: Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка; Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна „24 – ка“); Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“  и во Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ .

Од општината ги повикуваат граѓани, кои планираат да го одложат кабастиот отпад, тоа да го сторат во посочениот временски период и исклучиво во овие наменски контејнери.

– Оставањето на овој вид отпад, во близина на контејнерите за одложување на домашниот комунален отпад е казниво и придонесува за загадување на околината. Во оваа прилика, информираме дека е активен и пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж бул. „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“), каде што граѓаните можат да одложат кабаст отпад, посочуваат од општината.фф/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close