0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Акција за чистење на плажите на Охридското Езеро

Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Охрид, 11 септември 2020 (МИА) – Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Тој простор изминатите месеци во текот на шпицот на летната турстичка сезона беше преполн со диви кампери што престојуваа на тој дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Дел од нив покрај тоа што бесплатно го користеа просторот зад себе оставија купишта отпад, воопшто не водеа сметка за природата и потребата од одржување на хигиената на просторот.

Во акцијата се вклучија и активистите на неформалното еколошко движење „Еко ФАП“, собирајќи отпад од плажите.

Инаку, диви кампери ова лето имаше насекаде каде тоа дозволуваше просторот, нелегално шатори беа поставувани дури и на охридското Кале, во Стариот дел на градот над плажата Лабино. И таму ситуацијата после нивното заминување наликуваше на сликата затекната во Љубаништа, со оставени купишта ѓубре и најразновиден отпад.

Чест на исклучоците, но генерално сликата кажува за ниската свест кај луѓето за потребата од грижа за природата и важноста на одржувањето на хигиената на јавните површини.аб/бт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close