Дописници МКДОпштински вести

Акција за чистење и дезинфицирање во велешкото село Сујаклари

Со ангажирање на екипи на ЈКП „Дервен“ Општина Велес спроведе активности за генерално чистење на центарот на селото Сујаклари со цел да се обезбедат хигиенски услови на јавните површини на највисоко ниво и да се заштити животната средина.

Велес,  28 април 2020 (МИА) – Со ангажирање на екипи на ЈКП „Дервен“ Општина Велес спроведе активности за генерално чистење на центарот на селото Сујаклари со цел да се обезбедат хигиенски услови на јавните површини на највисоко ниво и да се заштити животната средина.

Како што информираат од локалната самоуправа, согласно Програмата за јавна чистота и Оперативниот план за дезинфекција на Општина Велес во изминатите  неколку денови екипи на ЈКП „Дервен“ спроведоа активности на чистење на центарот на селото од големи наноси на земја, чистење на атмосферскиот канал во близина на кошаркарското игралиште, косење на зелените површини.

-Активностите  завршија  денеска со перење на површините со дезинфекциско средство, информираат од Општина Велес. ад/вј/

Back to top button
Close
Close