Дописници МКДОпштински вести

Акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот“ спроведена и во Тетово

Во Тетово денеска пристигнаа пакетите со храна и хигиенски производи кои во рамки на хуманитарната акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот “ низ државата ги доделува организацијата „Банка за храна“.  Ова е 12-ти ден од караванот од предвидени 20 општини.

Тетово, 26 мај 2021 (МИА) – Во Тетово денеска пристигнаа пакетите со храна и хигиенски производи кои во рамки на хуманитарната акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот “ низ државата ги доделува организацијата „Банка за храна“.  Ова е 12-ти ден од караванот од предвидени 20 општини.

Се откажавме од конференциии и семинари и на наше барање и одобрение на ЕУ обезбедвиме 35 тони храна со 1620 прехранбени пакети и хигиенски производи кои ќе се дадат на 1620 фамилии низ цела држава. Самата акција е една од најголемите кои планирани и во релизација и се надевам дека граѓаните кои се во социјален ризик ќе имаат еден благодет, мислам дека пакетите се доволно добри за да ги задоволи потребите на едно четири члено семејство барем една недела. Пред кризата ако имавме седум до десет јавувања на неделно ниво барања за помош, додека во Ковид времето до 300 за една недела. Се зголеми бројот на корисници затоа што без работа остнаа луѓе кои биле во сив сектор, кои ги изгубија работи места на црно како келнери, фризерки, слично а и се зголемува бројот. Проблемот со храна останува, изјави Душко Христов од „Банка за храна“.

Невладината организација „Младинска алијанса“ се партери во тетовскиот регион.

Бројката е определна за оваа акција во тетовскиот регион е за 80 семејства но секој кој има препорака или информации за некое семејство кое треба да биде покриено слободно нека се обрати кај нас, нон стоп ја ажурираме нашата наоѓаме начин во рамките на нашите можности да им се помогне на сите, изјави Небојша Захариевски од „Младинска алијанса“.

Караванот и акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот“ започна од 14ти мај и ќе трае се до крајот на месецот.ас/са/

Back to top button
Close
Close