Дописници МКДОпштински вести

Акција на ЈП „Комуналец“ за собирање кабаст отпад

ЈП „Комуналец“ - Битола со подобрување на временските услови продолжи со акцијата за собирање кабаст отпад во градот.

Битола, 11 февруари 2020 (МИА)ЈП „Комуналец“-Битола со подобрување на временските услови продолжи со акцијата за собирање кабаст отпад во градот.

Од тамошниот комунелен сервис информираат дека секое семејство, секој граѓанин кој одлучил да се ослободи од кабастиот отпад треба навреме да пријави за негово подигнување и отстранување.

– Екипите на јавното претпријатие секој ден се на терен и постапуваат по добиените пријави. Денешната слика е добра опомена, но и потсетување за оние кои повремено знаат да остават мебел и друг кабаст отпад на несоодветни места, често го фрлаат создавајќи депонии, или го оставаат на градски локации кои во истиот момент ја нагрдуваат урбаната слика на градот. Само со заедничко дејствување, постои можност да зачуваме здрава и чиста животна средина, затоа останува пораката до сите граѓани кои сакаат да се ослободат од кабастиот отпад нека пријават во ЈП „Комуналец“ – Битола, порачуваат од јавното комунално претпријатие.

Според архивата на ЈП „Комуналец“ во минатата година нивните екипи подигнале околу 600 метри кабаст отпад и споредено со 2018 година кога беа собрани 85 m3 или со 2017 година кога биле собрани 45 m3 кабаст отпад претставува своевиден рекорд, но и потврда за соработката меѓу граѓаните и претпријатието. мт/вг/

Back to top button
Close
Close