Дописници МКДФудбал

Академија Пандев се засили со тројца фудбалери од младинската школа

Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров се новите имиња во професионалниот погон на Академија Пандев.

Струмица, 22 јануари 2020 (МИА) – Иле Донов, Ване Крстевски и Васко Глигоров се новите имиња во професионалниот погон на Академија Пандев. Тројцата потекнуваат од младинската школа на клубот и од стартот на подготовките за новата сезона тренираат со сениорскиот тим.

Со взаемна согласност за предвремено раскинување на договорот заминаа Давид Атанаскоски и Михаил Маневски.

Тренерот Југослав Тренчовски информираше дека експедицијата на Академија Пандев подготвките ќе ги продолжи в сабота во Анталија, Турција. Иако беше најавено дека „пандевци“ ќе заминаат ден порано поради патување со автобус, сепак е обезбеден авионски превоз и екипата ќе замине истиот ден кога е планирано да почнат подготовките во турскиот туристички центар. Таму струмичкиот прволигаш треба да одигра пет контролни натпревари со екипи од Бугарија, Србија, Русија и Туркменистан. рт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close