СветСвет.Портал

Аирбнб ги откажува резервациите за сместување во Пекинг

Компанијата Аирбнб соопшти дека ги откажува резервациите за сместување во Пекинг до 29 февруари, поради ширењето на  коронавирусот во Кина.

Сан Франциско, 10 февруари 2020 (МИА) – Компанијата Аирбнб соопшти дека ги откажува резервациите за сместување во Пекинг до 29 февруари, поради ширењето на  коронавирусот во Кина.

„Во контекст на ширењето на новиот коронавирус и упатствата на локалните власти за време на оваа вонредна здравствена ситуација, резервациите на сите огласени капацитети во Пекинг од 7 до 20 февруари се откажани“, соопшти Аирбнб.

Оваа одлука важи само за Пекинг, изјави портпарол на компанијата за Кина и додаде дека Аирбнб ја анализира ситуацијата и работи според упатставата на локалните власти. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close