БалканБалкан.ПорталДописници Свет

АИ бараат итно дислоцирање на барателите на азил од островите во другите делови на Грција

Прашањето за мизерните услови за живот и несигурноста во која живеат 19.000 лица во кампот Мориа на Лезбос и 7.000 во Вати на Самос, како и загриженоста за ситуацијата на островите, ги поставиле претставниците на Европската регионална канцеларија и претставништвото во Грција на „Амнести интернешнл“ (АИ) на денешната средба со Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 17 февруари 2020 (МИА) – Прашањето за мизерните услови за живот и несигурноста во која живеат 19.000 лица во кампот Мориа на Лезбос и 7.000 во Вати на Самос, како и загриженоста за ситуацијата на островите, ги поставиле претставниците на Европската регионална канцеларија и претставништвото во Грција на „Амнести интернешнл“ (АИ) на денешната средба со Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, јави дописничката на МИА од Атина.

Истражувачки тим на организацијата, како што соопштуваат, во изминатите денови бил во посета на Лезбос и Самос, „каде што ги регистрирале неприфатливи услови за живот“, преку сведочењата на барателите на азил и бегалците и мигранти „кои што се принудени да престојуваат во неформалните кампови кои постојано се прошируваат“.

– За време на средбата, делегацијата од организацијата го претстави цврстото барање за воспоставување на ефикасен механизам на солидарност за барателите на азил во Европа и ја истакна потребата за итна поддршка на Грција. Организацијата повикува на пренесување на луѓето од неприфатливите услови на пренатрупаност и напуштеност со кои се соочуваат островите во Егејско Море и бара итно преместување во соодветни простори за сместување во други делови на земјата, соопшти АИ по средбата со надлежниот министер. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close