0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извршат дезинфекција, дератизација и дезинсекција.

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 28 март до 1 април спроведе 277 надзори во повеќе градови низ државата. Притоа изрече пет решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и им нареди веднаш да извршат дезинфекција, дератизација и дезинсекција.

Како што соопшти претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со надзорите на АХВ, освен месарници и маркети, биле опфатени и угостителски и производствени објекти, како и зелени пазари.

-Изречени се вкупно 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и поради работа на вработени без здравстевн преглед за санитарна книшка кои се веднаш отстранети од објектите, истакна Филиповска Грашкоска на прес-конференција во Владата.

Таа соопшти и дека во периодот од 28 март до 1 април шесте инспекциски институции спровеле вкупно 5.213 надзори, а општата констатација е дека поголем дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од коронавирусот. Повеќето од контролите, преку 4.000, ги направил Државниот пазарен инспекторат кој  затворил уште 20 угостителски објекти, во Скопје, Гостивар, Тетово, Струга и Битола. мч/са/

 

Back to top button
Close
Close