0_Македонија.ПорталОпштество

АХВ: Максимално да се почитуваат препораките на СЗО за корона вирусот

Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Максимално да се почитуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за спречување појава и ширење на корона вирусот во земјава, апелира попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ соопшти дека во координација со Ветеринарната комора ги информира ветеринарните друштва за максимално почитување, но и информирање на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот преку животните и храната од животинско потекло со оглед дека станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло.

– СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна (сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере. Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи. Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето контакт со лица кои имаат симптиоми на настинка или вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на корона вирусот, потсетува Агенција за храна и ветеринарство. мч/сп/

Back to top button
Close
Close