СпортФудбал

Јаховиќ во тандем со Подолски во нападот на Анталија

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ, ја смени клупската средина во зимскиот преоден рок, но не и земјата. Досегашниот напаѓач на Јени Малатиспор, потпиша 18 месечен договор со Анталија, во чија навална линија ќе игра заедно со германската ѕвезда, Лукаш Подолски.

Анталија, 24 јануари 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ, ја смени клупската средина во зимскиот преоден рок, но не и земјата. Досегашниот напаѓач на Јени Малатиспор, потпиша 18 месечен договор со Анталија, во чија навална линија ќе игра заедно со германската ѕвезда, Лукаш Подолски.

Анталија моментно се наоѓа во зоната на испаѓање во турскиот фудбалски шампионат, а Јаховиќ во новиот тим пристигнува како трет стрелец во Суперлигата со 11 гола во оваа сезона.

Анталија за Јаховиќ е четврти клуб во Турција. Освен за Малатиспор, претходно настапуваше за Гезтепе и за Коњаспор. Во турската фудбалска сцена е од 2016 година, по трансферот од Крилја Совјетов во Русија.

Јаховиќ ќе дебитира за Анталија во недела од 11.30 часот на гостувањето кај Денизлиспор. сѓд/оџ

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close