0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаПолитички партии

Ахмети: За ДУИ е прифатлив само синоќешниот утврден текст на законот за ЈО, се останато е неприфатливо

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска изјави дека за нив е прифатлив само синоќешниот договорен текст на законот за јавното обвинителство, а секој друг текст не е прифатлив. 

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска изјави дека за нив е прифатлив само синоќешниот договорен текст на законот за јавното обвинителство, а секој друг текст не е прифатлив.

– Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето. Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено, изјави денеска Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на изборните единици, Ахмети рече дека тоа е прашање за кое треба да се разговара и да се усогласи со сите, а притоа да се почитува законот. бак/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close