0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитички партии

Ахмети: За 29 години поминавме долг и тежок пат, сè уште се соочуваме со предизвици

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети испрати честитка по повод Денот на независноста. 

Скопје, 8 септември 2020 (МИА) – Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети испрати честитка по повод Денот на независноста.

– За овие 29 години државност, поминавме долг и тежок пат, а сепак сè уште се соочуваме со големи предизвици пред нас. Наша должност е да ги решиме овие предизвици, еден по еден, денес, за
идните генерации да можат да живеат во мир и просперитет, пишува Ахмети во честитката. бак/дма/

Back to top button
Close
Close