0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Ахмети: Владеењето на правото, ветингот и економијата во фокусот на следниот мандат на ДУИ

- ДУИ во новиот мандат ќе се ангажира за владеење на правото, ќе се залага за ветинг на институциите, почнувајќи од обвинителството, судството, општините. Секако еден од главните приоритети е и економијата за да обезбедиме подобри усллови за работа за сите претприемачи што се заинтересирани да инвестираат. Ние првично обезбедуваме безбедност за нивниот капитал, истовремено и подобрување на бирократијата што се донесува се со цел тие полесно да водат бизнис во нашата држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети при посетата на индустриската зона во Визбегово.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – ДУИ во новиот мандат ќе се ангажира за владеење на правото, ќе се залага за ветинг на институциите, почнувајќи од обвинителството, судството, општините. Секако еден од главните приоритети е и економијата за да обезбедиме подобри услови за работа за сите претприемачи што се заинтересирани да инвестираат. Ние првично обезбедуваме безбедност за нивниот капитал, истовремено и подобрување на бирократијата што се донесува се со цел тие полесно да водат бизнис во нашата држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети при посетата на индустриската зона во Визбегово.

Тој одговарајќи на новинарско прашање вели дека не стравува од евентуална коалиција на БЕСА и Алијанската за Албанците.

-Истото прашање секоја година ми го поставувате. Немам никаква параноја што се однесува до нивната коалиција, рече Ахмети.

Во врска со тоа дали на овие избори ќе се почитува принципот победник со победник за формирање на Влада тој вели дека неколкупати зборувал за тоа во 2016 година, кога ситуацијата била специфична.

-Неколку пати сум го објаснил тоа. Не сакам да се повтори 2016 година, специфична ситуација, вонредна ситуација во тој момент на државата. Не би сакал никогаш да се повтори таа ситуација. ДУИ на овие избори ќе оди самостојно со своја политичка програма, рече Ахмети.

Прашан дали на кандидатските листи за претстојните избори ќе се најдат веќе искусни пратеници, Ахмети вели дека ќе се направат истражувања и анализи во рамки на партијата и оти ќе предложат кандидати кои ќе бидат прифатливи за нивните гласачи, но и за сите граѓани. ев/сст/

 

 

Back to top button
Close
Close