0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Ахмети од Охрид ги повика граѓаните да гласаат за прв премиер Албанец

Цетралниот изборен штаб на Демократската унија за интеграција синоќа ја претстави својата изборна програма во Охрид каде лидерот на партијата посочи дека кампањата ја почнале од Преспа, а ја завршуваат во Охрид за да испратат порака дека во овој крај е постигнат договор кој на земјата и овозможи иднина, развој и помирување.

Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – Цетралниот изборен штаб на Демократската унија за интеграција синоќа ја претстави својата изборна програма во Охрид каде лидерот на партијата посочи дека кампањата ја почнале од Преспа, а ја завршуваат во Охрид за да испратат порака дека во овој крај е постигнат договор кој на земјата и овозможи иднина, развој и помирување.

– Се постигна договор без кој земјата ќе одеше во погрешна насока затоа што заедниците ќе се поделеа. Од овој договор зависеше и иднината. Се направи големо дело за што потрошивме наша енергија за да се постигне овој договор на многуте средби кои беа низ целиот свет. Ова се постигна благодарение на соработката и јас не сум неблагодарен за придонесот на другите затоа што работите треба да ги направиме заедно, рече Ахмети.

Додаде дека завршниот собир се одржува во Охрид, како потсетување и посветување на Охридскиот договор кој, како што посочи, е придобивка за сите заедници.

– Заедниците се претставени со културата, јазикот и националните симболи. Со окото на пријателот нè гледаат малите заедници и тие треба да се ослободат  од предрасудите дека некој може да ги фаворизира или од тоа дека некој може да им ги одзема правата, рече Ахмети.

Истакна дека членството во НАТО и преговорите за членство во ЕУ, ја прават земјата посигурна, но оти има уште многу работа за да се исполнат стандардите на ЕУ.

– Имаме уште многу работа исполнувајќи ги стандардите кои не доближуваат со Европа и овие работи се постигнуваат оставајќи ги настрана групните и личните интереси. Тоа се владеењето на правото, спроведувањето на ветингот во сите институции. Јас сум оптимист дека овие прашања можат да се постигнат бидејќи имаме кадар, рече Ахмети.

Ги повика граѓаните на Охрид  да излезат и да гласаат за идејата за прв премиер Албанец.

– Покажете кои сте и колку вредите. Ве повикувам како браќа на 15 јули да се испее новата песна, заедно да ја прославиме првата победа за премиерот Албанец кој сите ќе не  зближи и обедини. Достоинствен претставник за сите граѓани на ова земја, рече Ахмети. бак/

Back to top button
Close
Close