0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Ахмети: Кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, ќе има и позитивно влијание врз економијата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети заедно со првиот Албански кандидат за премиер, Насер Зибери во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули, одржаа собир кај Камениот мост во Скопје.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА) – Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети заедно со првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули, одржаа собир кај Камениот мост во Скопје.

Тие со порака за обединување ги повикаа граѓаните за рушење на идеолошките и националистички ѕидови кои ги делат народите и за обединување на сите кои веруваат во идеологијата „Еднаква земја” за сите, да дејствуваат за доброто на земјата и на сите граѓани.

Ахмети истакна дека чекор по чекор се прават големите дела и дека секогаш од нивната страна се претставени филозофии и добри и корисни идеи, како за Албанците, така и за сите граѓани кои живеат во Република Северна Македонија.

– Придонесовме во многу важни случувања на земјата, како што е спроведувањето на Охридскиот договор. кој не беше корисен само за Албанците, туку и за другите заедници во земјата, со нашето жртвување каде најмногу добија нашите сограѓани Македонци, бидејќи ние на земјата и обезбедивме интегритет и суверенитет, признавање и зајакнување на пријателството со меѓународната заедница. Тоа што беше широко познато како голем проблем на ова земја беше прашањето за името кое резултираше
со Преспанскиот договор, кој ја построи ова земја и ја направи еднаква помеѓу еднаквите и со ова ги победивме сите бидејќи победи мирот, истакна Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Ахмети даде до знаење дека до денес се направени многу достигнувања за Албанците во Република Северна Македонија.

– Од ова место, не далеку од тука, Скендербег не гледа. Недалеку од пред 100 години на овој мост имаат поминато Хасан Приштина и Иса Болетини кои никогаш не ги негираа и другите нации кои живееле на овие подрачја. Имало соработка на албанските патриоти со македонските движења, и не се каам што сум рекол дека треба да се прифати Делчевизмот, значи да се прифати Гоце Делчев, бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на ова земја  кои прават хомогенизација за едно челично обединување помеѓу нив само премиерот да не биде Албанец,
нека се враќаат во минатото и ако имаат почит за Гоце Делчев ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанците со бела капа. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, ова кандидатура требаше да ги направи среќни, подвлече Ахмети.

Тој рече истакна дека кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, но ќе има и позитивно влијание врз економијата.

– Ова кандидатура ќе ги зближи и нема да ги подели заедниците и ова не го правиме за демагогија, времето покажа дека министерот за внатрешни работи, за одбрана, претседателот на Собранието се раководеа од Албанци кои ја зајакнаа ова држава, кои извонредно ги водеа овие институции со одговорност, но со истата одговорност и премиерот Албанец ќе ја води државата и јас сум сигурен дека успешно ќе се соочуваме со сите предизвици. Многу природно и легитимно е да го достигнеме и врвот на
државата за да раководиме, денес ја бараме функцијата на премиерот, утре и на претседателот на државата, бидејќи ова е наша земја, наша држава и никој не може да ни ги негира овие права, заврши Ахмети. рп/нд/

Back to top button
Close
Close